logo
logo
logo

Бадел 1862 фуриозно го отвори финалето против Баскет Кам

Vecer | 13.05.2022

Бадел 1862 фуриозно го отвори финалето против Баскет Кам

Најдобриот тим по основниот дел од сезоната, екипата на Бадел 1862, славеше убедлив триумф во првиот натпревар од финалната серија во женскиот плеј-оф против актуелниот бранител на шампионскиот пехар, Баскет Кам 2011 со 73-56.

Бадел 1862 беше подобар ривал во текот на целиот натпревар. Но отпорот на противникот, домашната екипа го „скрши“ во третата и почетокот од последната четвртина кога поведе со 17 поени разлика (57:40).

Мали проблеми за „баделки“ дојдоа кога Нена Трајчевска поради пет лични грешки мораше да го напушти теренот. Гостинките од Македонска Каменица подоцна се доближија на достижни (53:60), но немаа сили да направат пресврт.

Репрезентативното трио Кметовска-Стојановска-Трајчевска кое постигна 55, од вкупно 73. поени. Во гостинската екипа со 12 поени, Тасевска беше најефикасна кошаркарка.

Вториот меч од серијата се игра во недела (15.часот) во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk