logo
logo
logo

Бабиќ пред мечот со ППД Загреб: Имаме сличен квалитет, но различни карактеристики

Vecer | 05.02.2021

Бабиќ пред мечот со ППД Загреб: Имаме сличен квалитет, но различни карактеристики

Ракометарите на Е. Пелистер, утре го имаат вториот овосезонски меч во регионалната СЕХА Гаспром лига. Битолчани ги очекува гостување во Загреб против еден од тимовите со најдолг стаж во лигата, ППД Загреб.

Во пресрет на мечот, тренерот Жељко Бабиќ вели дека за тимот е голема мотивација што следува меч против тим како ППД Загреб.

„Мотивациски е добро што ќе играме против ППД Загреб. Играме против одличен тим, добро воден и со одличен тренер. Игравме пред неколку дена пријателски натпревар, па и овојпат треба да уживаме. Во перспектива и за натпреварите против Татабања, овој дуел многу ќе ни значи. Од една моја тренерска перспектива се работи за екипи со приближен квалитет, но со различни карактеристики. Се радувам што ќе играме, што почна СЕХА лигата и, иако има многу натпревари, верувам дека тоа е добро. Ни дава убавина од спортска гледна точка, без разлика на победа и на пораз. Што се однесува до подготовката, имаме одредени проблеми и четири играчи од ростерот нема да патуваат заради физички проблеми. Се надевам дека барем еден ќе вратиме во тимот за натпреварите против Татабања, иако и тоа не е сигурно. Сепак, не е време да се жалиме и да кукаме, имаме други ракометари кои имаат свои вредноста, а и јас и клубот веруваме во нив. Дури и ќе се осудам да кажам дека изостанувањето на тие ракометари не би требало да се почувствува. Верувам дека со правилен пристап и мотивација и цврста одбрана ќе ни даде одредена динамика во самиот натпревар“, конкретен е Бабиќ.

Мечот со ППД Загреб е на програмата утре од 20 часот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk