Утре во Битола, во рамките на СЕХА лигата со почеток од 17:45 часот, Е. Пелистер го дочекува составот на Татран Прешов.

За тоа што може да се очекува од нашиот тим, свој коментар има тренерот на битолчани Жељко Бабиќ:

„Татран Прешов е добро тренирана и добро водена екипа од поранешниот хрватски селектор, кој долго време е таму, што значи дека добро си ја работи својата работа. Во тоа не треба воопшто да се сомнева. Имаат добра транзиција и контра напад и многу добар посед на топка во напад. Тоа веќе им го нагласив на моите ракометари. Единствен начин ако сакаме да победиме е агресивна одбрана, посебно во средината, и враќање во одбрана. Натпреварот бара голем респект и ни следи тежок дуел“.

sportmedia.mk