logo
logo
logo

Бабиќ: Момците покажаа карактер, Хендави го направи пресвртот

Vecer | 11.02.2021

Бабиќ: Момците покажаа карактер, Хендави го направи пресвртот

Е.Пелистер со третата победа оваа сезона во Европската лига направи чекор напред на табелата во групата Д. Битолскиот тим со три триумфи, реми и три порази „скокна“ на третата позиција со осум седум бода, еден помалку од ГОГ, следниот противник во ова натпреварување.

По завршување на мечот, Жељко Бабиќ беше задоволен од победата. Призна дека е тешко за неговите момци ваков ритам, но е среќен што покажаа карактер.

„Благодарност за играта на тимот на Татабања. Тешко е да се игра во овој рита, јас сум уморен, можам да замислам како им беше на играчите, беа емотивно и физички испразнети. Не ја повторивме играчата од вчера, не бевме ниту близу, слабо отворивме. Во второто полувреме се разбудивме, нашиот голман во клучните момент добро реагираше, го сврте мечот.  Играчите покажаа карактер. Жал ми е за Кушан, му посакувам брзо опоравување, се надевам дека не е ништо сериозно“, изјави Бабиќ.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk