logo
logo
logo

ПО ПРЕПОРАКА ОД МВР - одложени натпреварите од 17. коло во Првата фудбалска лига

Vecer | 30.11.2024

ПО ПРЕПОРАКА ОД МВР - одложени натпреварите од 17. коло во Првата фудбалска лига

Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија попладнево донесе одлука за одложување на натпреварите од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Според распоредот натпревари требаше да се одиграат утре, 1 декември (недела) со почеток во 13 часот.

Одлуката е донесена согласно препораките на Министерството за Внатрешни работи поради неодамнешните случувања и настани и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување на спортските натпревари, соопшти ФФМ.

Комисијата за натпревари ги презакажа одложените натпревари за 3 декември (вторник) со почеток во 13 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk