logo
logo
logo

Азер Омерагиќ за посилен Борец

Vecer | 09.02.2021

Азер Омерагиќ за посилен Борец

Менува тимот на Борец и тренери и играчи и управа во овој зимски преоден рок. Бурно е во Велес, активно се работи на поправање на ситуацијата во клубот и сега засега работите одат во правилна насока. Се носат засилувања што искусни од типот на Ванче Шиков, што млади и со голема перспектива како Азер Омерагиќ.

Македонскиот младински репрезентативец и досегашен член на тимот на Хајдук Сплит од денеска е нов член на тимот на Борец и веќе одработи тренинг под водство на тренерот Борче Христов.

Омерагиќ е дете на Вардар ја мина целата младинска школа на нашиот најтрофеен клуб, од каде што и замина во Хајдук Сплит. Сепак, интернацоналната авантура за напаѓачот заврши брзо, па сега Омерагиќ ќе собира драгоцено прволигашко искуство во Велес.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk