Еден Азар не се снајде најдобро во дресот на Реал Мадрид. Со бројни бонуси е платен околу 150 милиони евра, а проблемите со повреди и натаму немаат крај.

Наводно неговиот поранешен клуб Челзи сака да го врати во своите редови. Шпанските медиуми пишуваат дека би го вратиле назад, за многу помала сума од што го продале.

Нивната понуда би изнесувала некаде околу 40-50 милиони евра. Причината за тоа се бројните повреди, а секако би било интересно да се види дали Азар би ја вратил и формата во која беше.

Азар во Реал одигра само 35 меча, и постигна четири гола.

sportmedia.mk