logo
logo
logo

Австриски гигант поради долгови ќе испаѓа од елитата!

Vecer | 14.04.2021

Австриски гигант поради долгови ќе испаѓа од елитата!

Австрија Виена, еден од најголемите клубови во Австрија, ако не и најголем, поради долгови ќе мора во следната сезона да игра во понизок ранг. Имено како што потврдија челниците на Австриската фудбалска федерација, клубот не добил лиценца за настап во елитата за следната сезона и тоа поради долгови од неверојатни 80 милиони евра.

Клубот за една недела има должност да ги достави сите неопходни документи во врска со овој случај.

Инаку Австрија Виена во својата историја 24 пати била шампион на својата земја, има финале и во Купот на УЕФА, а за овој клуб од 2014 до 2016 година со голем успех играше и нашиот некогашен репрезентативен стопер Ванче Шиков.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk