logo
logo
logo

Аврамовски: Би сакал да стигнеме до финале, но одиме меч по меч

Vecer | 28.05.2021

Аврамовски: Би сакал да стигнеме до финале, но одиме меч по меч

Даниел Аврамовски заслужи со своите игри и настапи во изминатиот период да се најде на списокот на селекторот Игор Ангеловски и биде патник за ЕП.

Офанзивецот ја чувствува возбудата пред големиот настан и така треба и да биде. Не се игра секој ден Европско првенство, иако на Аврамовски и уште на десетина негови репрезентативни колеги ова не им е прво вакво искуство. Тие во 2017 година веќе беа дел од еден Евро самит оној до 21. година.

„Секако дека е возбудата голема. Да имам настап на ЕП во 2017 година со У21, но сега веќе е ова нешто сосема поинакво. Се надеваме на голем успех, тренираме напорно, и се надеваме на најдобро. Крајот го краси делото, и се надевам дека така ќе биде и во нашиот случај. Тоа што ја победивме Германија може и да создаде некаков поголем притисок, и чувство дека сега навистина можеме со секого,  но мислам дека треба да одиме меч по меч и да одиграме максимално“ – вели Аврамовски па додава.

„Самиот ЕП си има голема тежина но ние сме професионалци и знаеме како да се носиме со тоа. Сите сакаме да стигнеме и до финале што се вели, но најбитно е да исполниме се што ќе побара селекторот од нас. Има позитивна трема, се гледа и на тренинзите дека сите сакаме да дадеме максимум и сигурен сум дека ќе биде така. Еуфорија е, и така и треба да биде. Голема е желбата на многумина да дојдат во Романија, да стигнат до билет и во живо да не бодрат. Публиката е дванаести играч и со радост ќе играме пред Македонската публика“ – истакнува популарниот Цујо.

Последна одлука е дека ќе има публика на мечевите Словенија и Казахстан во Скопје, кои се претходница на главниот настан.

„Секако дека ни значи тоа што ќе има публика на пријателските мечеви во Скопје. Сигурен сум дека сиот оној капацитет кој ќе биде дозволен ќе биде и исполнет пред да заминеме во Романија„ – вели Аврамовски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk