Голема прашина се дигна околу создавањето на фудбалската Суперлига, која како што сите добро знаеме, беше умртвена уште на самиот почеток. УЕФА најави санкции, светската јавност „зовре“, а навивачите кои и онака не се многу љубители на богати и вообразени клупски сопственици едвај чекаа да го дигнат својот глас.

Навивачите на Манчестер Јунајтед пак отидоа најдалеку и протестот пред стадионот Олд Трафорд минатиот викенд го претворија во бунт против семејството Глејзер, инаку мнозински сопственик на клубот и не дозволија да се одигра мечот против Ливерпул.

Сега, медиумите на сите страни се обидуваат да ги пронајдат враќата Глејзер и да добијат од нив некаков став за целата ситуација, но и обајцата засега одбиваат да го сторат тоа. Последен во обидот е Скај њуз, кој на прашањето дали е сега моментот да им се извините на навивачите на Јунајтед и да ги удостоите со вашето мислење, не добија никако одговор од Аврам Глејзер кој едноставно избега од камерата.

 

sportmedia.mk