logo
logo
logo

Авоткоманда во центарот на вниманието: Металург го предизвикува Е.Пелистер

Vecer | 10.04.2021

Авоткоманда во центарот на вниманието: Металург го предизвикува Е.Пелистер

Металург и Е.Пелистер го отвараат петото коло во плеј-офот. Тимот од Автокоманда е домаќин на оваа средба која е закажан со почеток во 18 часот. Битолчани влегуваат како фаворит, во домашниот шампионат имаат само еден пораз од Вардар. По лошата серија на порази, се издигнаа токму на меч од плеј-офот, на домашен терен во минатото коло го совлада Т.Пролет за враќање на самодовербата.

Сепак нема да биде лесно, иако ракометарите на Металург се далеку од посакуваното ниво и имаат само една победа, мотивот против Е.Пелистер е голем. Во Автокоманда паѓале и посилни тимови, па нема да биде чудо доколку оваа средба заврши во корист на домашниот состав.

На табелата подобро котираат гостите, се наоѓаат на второто место зад Вардар, додека пак Металург е шести со скор од една победа, две ремија и два порази.

Останатите средби од петото коло се закажани за утре: Вардар е домаќин на Струга, Е.Пелистер 2 го пречекува Охрид, додека дербито се игра во Скопје, Т.Пролет ќе ги одмери силите со Бутел Скопје.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk