Екипата на Хетафе успеа да извлече бод на жешкото гостување кај Атлетико Мадрид. Во мечот од 20.коло во Ла Лига паднаа два гола, а резулатот на крајот 1:1. Кореа го отвори мечот во 60 минута, а изедначи Унал од пенал во 83. минута.

Атлетико продолжува по принципот топло-ладно, а ова им е петто реми сезонава што ги остава на четвртото место на табелата со 35 бода, четири повеќе од петтопласираниот Виљареал. Хетафе го освои првиот бод во 2023 година откако претходно ги загубија четирите меча и испаднаа од Купот.

Хетафе е претпоследен на табелата.


sportmedia.mk