Тимот на Атлетикот Мадрид со својот добро познат рецепт и со минимални 0:1 стигна до многу важна победа во домашниот шампионат на гостувањето кај тимот на Елче.

По киксот на Барселона важно беше за Атлетико викендов да обезбеди три бода, и тоа и се случи. Стрелец на единствениот гол на овој меч беше Љоренте во 23. минута од мечот. Претходно гостите вече погодија, но голот на Луис Суарез беше поништен од страна на ВАР поради офсајд.

Сепак, клучниот момент од натпреварот се случи во послендите секунди од натпреварот, кога домаќинот доби пенал, но Фидел наместо да израмни на 1:1,  го погоди левиот дирек од голот на Јан Облак.

Сега, Атлетико има пет бода предност пред Барселона односно Реал Мадрид но и меч повеќе.

 

sportmedia.mk