Екипата на Атлетико Мадрид славеше во Ваљадолид со 2:1 и на тој начин го сочува првото место на табелата што му ја донесе шампионската титула во шпанската Ла Лига по пауза од седум години. „Јорганџиите“ влегоа во последното 38. коло со два бода предност во однос на второпласираниот Реал Мадрид и му требаше победа над Ваљадолид. По првото полувреме губеше со 1:0, но во второто со головите на Кореа и Суарез го свртија резултатот што им ја донесе титулата.

Ова е 11-та титула за Атлетико во историјата, а прва по 2014 година. Диего Симеоне втор пат во кариерата го предводи Атлетико го пехарот наменет за шампион на Ла Лига.

Реал го победи Виљареал со 2:1 на домашен терен со головите во последните минути. Гостите поведоа со голот на Пино во 20. минута, а  мадриѓаните изедначија преку Карим Бензема во 87. минута, за во последните секунди победата да ја донесе Модриќ.

Третото место го освои Барселона, четвртото Севиља. Па така Атлетико, Реал , Барселона и Севиља одат во ЛШ, Сосиедад, Бетис и Виљареал во ЛЕ,

 

sportmedia.mk