Томас Лемар беше заменет на саботниот натпревар на Атлетико Мадрид против Валенсија, кој „јорганџиите“ го загубија со 3:0, а денеска стигна потврда дека Французинот ја скинал Ахиловата тетива.

Лемар денеска веднаш бил опериран, па сега се очекува подолга пауза.

„Томас Лемар беше опериран денеска поради скината десна Ахилова тетива. Медицинскиот извештај на клубот вели дека операцијата е извршена без проблеми и според планот. Тој наскоро ќе го започне процесот на рехабилитација“, пишува Атлетико Мадрид на својата веб-страница.

Засега не е одреден периодот на рехабилитација, но сигурно ќе трае подолго од два месеци.


sportmedia.mk