logo
logo
logo

Атлетико до нова победа - овојпат падна истоимениот тим од Билбао

Vecer | 10.03.2021

Атлетико до нова победа - овојпат падна истоимениот тим од Билбао

Ремито со Реал Мадрид не ги растревожи премногу играчите на Атлетико Мадрид кои само неколку денови подоцна стигнаа до победа над Атлетик Билбао со 2:1 во заостанатиот меч од 18. коло во Ла Лига. Иако губеа уште од 21 минута со голот на Муниаин, изедначувањето го донесе Маркос Љоренте во 45 минута.

На почетокот на второто полувреме судијата покажа пенал по фаул на Унаи Нуњез во сопствениот шеснаесетник. Луис Суарез погоди за 2:1, резултат кој беше и конечен.

Атлетико има 62 бода од 26 меча, шест повеќе од второпласираната Барселона. Атлетик Билбао е на осмото место.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk