logo
logo
logo

Атанасов и соиграчите нападнати од хулигани во хотел во Опатија

Vecer | 09.02.2021

Атанасов и соиграчите нападнати од хулигани во хотел во Опатија

Пред дербито Ријека – Хајдук, пред хотел во Опатија каде што биле сместени играчите на сплитскиот тим, дошло до инцидент.

Група од 2о-тина хулигани ги нападнале играчите на „белите“, меѓу кои и Јани Атанасов, и го гаѓале хотелот.

Почнале да ги навредуваат, да фрлаат шишиња, а од автобусот на Хајдук ги симнале регистарските таблички.

Потоа играчите на Хајдук најпрво имале краток разговор, а потоа се одлучиле да се судрат со хулиганите.

Пред хотелот е засилено полициското присуство.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk