logo
logo
logo

Аталанта имаше 3:0 по само 20 минути, а потоа ја прокоцка предноста

Vecer | 06.02.2021

Аталанта имаше 3:0 по само 20 минути, а потоа ја прокоцка предноста

Екипата на Аталанта имаше убедлива предност од 3:0 остварена по првите 20 минути од мечот против Торино, меѓутоа не успеа да ја сочува до крајот. Ова беше дуел од 21.коло на Серија А, а тимот од Бергамо играше на свој терен. Со головите на Иличиќ (14 минута), Гусенс (19 минута) и Муриел (20 минута) Аталанта обезбеди високи 3:0.
Се чинеше дека ќе гледаме фијаско на Торино, а блесок на „Божицата“, меѓутоа се свртеа работите. Андреа Белоти и Бремер во финишот на првиот дел ја намалија предноста на домаќините, а во второто полувреме Бонацоли даде гол во 84 минута и спаси бод за торинските „бикови“.
За Аталанта ова е седмо реми сезонава, а за Торино десетто односно четврто по ред. Во другиот меч од попладневниот термин Сасуоло загуби дома од Специја со 1:2. Капуто го доведе Сасуоло во предност, а Ерлиќ изедначи за во 78 минута Гујаси да ја обезбеди петтата победа за Специја сезонава.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk