Астори не требало да се заминава со спорт – нови детали за смртта на капитенот на Фиорентина

Италијанските власти објавија нов, поопширен извештај за изненадната смрт на капитенот на Фиорентина Давиде Астори, кој соиграчите го пронашле мртов во хотелска соба во март пред натпреварот против Удинезеа.

Потврдено е дека Астори на 32 години умре од аритмија предизвикана од кардиомиопатија.

Извештајот објавен од Универзитетот во Падова кој е водечки во светот во патологија, а истражува 800 случаи на изненадна смрт кај млади до 35 години.

Според истражувањата, четвртина од испитуваните случаи починале од аритмија предизвикана од кардиомиопатија, која е наследна болест, а можноста за смрт е пет пати поголема кај болните кои интензивно се занимаваат со спорт.

Иако е утврдено од што починал фудбалерот, сепак побарано беше мислење и од експертите за да дадат дополнително објаснување.

Поврзани

Најнови вести

Коментари