logo
logo
logo

Астон Вила даде рекордна сума за најдобриот играч во Чемпионшип

Vecer | 05.06.2021

Астон Вила даде рекордна сума за најдобриот играч во Чемпионшип

Фото:Тwitter/WhoScored.com

Астон Вила го победи Арсенал во тркта по аргентинскиот крилен фудбалер Еми Буендиа од Норич Сити. Понудата на клубот од Бирмингем била најприфатлива за Норич, а таа изнесува 33 милиони фунти плус уште 5 милиони во бонуси. Со тоа е урнат и клупскиот рекорд кога се однесува до трансферите.

Инаку, првично Норич побара 40 милиони фунти, а ги одбил двете понуди на Арсенал и Астон Вила од по 30 милиони фунти. Вила ја подобрила понудата, Арсенал останал на истата, па клубот од Бирмингем е победник.

Буендиа е најдобриот играч во Чемпионшип за минатата сезона, а бележи огромен напредок по трансферот од Хетафе за само 1,5 милиони фунти пред три сезони.

Тој постигна 15 гола во шампионскиот поход на Норич во Чемпионшип. Инаку Буендиа можеше да замине минатото лето, но се договори со клубот да остане уште една сезона со тоа што ќе му биде дозволено да си оди за добра понуда. А тој момент е сега.

Норич ќе ги реинвестира парите во нови играчи со цел да избегнат повторување на сезоната 2019/20 кога завршија последни на табелата и испаднаа.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk