Новиот предводник на женската кошаркарска репрезентација, Александар Ашаданов го објави поширокиот список за претстојните квалификации за Европското првенство 2023 година.

За дуелите со Германија и со БиХ, тој ќе смета на вкупно 24.кошаркарки, собирот е закажан за 4. номеври. На списокот на Ашаданов се најде и Американката со македонски пасош, Девана Бонер.

Првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство, Македонија ќе биде гостин на Германија на 11. ноември, дуелот се игра во Хале, место блиску до Лајпциг, со почеток во  19.30 часот.

Три дена подоцна, нашите девојки во Скопје ја дочекуваат селекцијата на Босна и Херцеговина, дуел кој ќе се одигра во СРЦ „Кале“, со почеток од 19.часот.

 

  ИМЕ И ПРЕЗИМЕ КЛУБ
1. Анџелика Митрашиновиќ Tarbes Франција
2. Илина Селцова Peac Унгарија
3. Dewanna Bonner Connecticut Sun Aмерика
4. Тијана Митрева Dinamo Sassari Италија
5. Марија Димитријевиќ Бадел 1862 Скопје
6. Матеа Николиќ Kansas Athletics USA
7. Габриела Модева Victory Christian сentаr USA
8. Ивона Кожобашиовска Dinamo Sassari Италија
9. Емилија Лазарова Вардар Скопје
10. Александра Стојановска Бадел 1862 Скопје
11. Нена Трајчевска Бадел 1862 Скопје
12. Цветанка Димова Бадел 1862 Скопје
13. Ивона Пејковска Вардар Скопје
14. Јована Петрушевска AO Dafni Agios Dimitrios Грција
15. Кате Поп-Димитрова Баскет Кам Каменица
16. Драгана Петковска Вардар Скопје
17. Михаела Алексовска Крива Паланка
18. Ива Чолаковска Работнички Скопје
19. Ивана Кметовска Бадел 1862 Скопје
20. Марија Митева МЗТ Скопје Аеродром
21. Мартина Блажевска Бадел 1862 Скопје
22. Снежана Серафимова Duquesne Dukes USA
23. Елена Тасевска Нема клуб
24. Наталија Секуловска USA

sportmedia.mk