logo
logo
logo

Асенсио пред трансфер во Астон Вила

Vecer | 30.05.2023

Асенсио пред трансфер во Астон Вила

Марко Асенсио е се поблиску до слободен трансфер во премиерлигашот Астон Вила. Според Фабрицио Романо, клубот од Бирмингем веќе ја доставил својата понуда до Шпанецот, а Николо Шира открива дека понудата е за 8 милиони евра по сезона со четиригодишен договор. Марка додава дека менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, имал улога во убедувањето на Асенсио, кој веќе одлучил дека нема да ја прифати понудата на Реал Мадрид да остане на Сантијаго Бернабеу“ и по седум сезони во кралскиот клуб ќе бара ново продолжение на својата кариера. .

ПСЖ, Арсенал и Милан се останатите клубови заинтересирани за шпанскиот репрезентативец. Асенсио најверојатно ќе се збогува со навивачите на Реал на неделниот натпревар на домашен терен против Атлетик Билабао. Ако успее да постигне гол на овој натпревар, ќе го собори својот рекорд за најмногу голови во една сезона. Тој има 12 гола во сите натпреварувања досега оваа кампања.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk