logo
logo
logo

АС: Реал Мадрид падна на доброто однесување на новиот тренер

Vecer | 27.05.2021

АС: Реал Мадрид падна на доброто однесување на новиот тренер

„АС“ пишува дека Масимилијано алегри е изборот на Флорентино Перез на клупата на Реал Мадрид и овие денови треба да дојде до договор.

Зинедин Зидан синоќа замина од тимот, а челниците на клубот пред стартот на ЕУРО сакаат да го официјализираат новиот тренер за кого беа заинтересирани Јувентус и Интер.

Тимот од Торино беше во првите редови во битката за некогашниот тренер, но според информациите кои доаѓаат од Италија, првите луѓе на „Старата дама“ му понудиле 7-8 милиони евра, што е далеку од барањата на Алегри. Тој побарал 11 милиони евра годишно, сума која не е проблем за Реал Мадрид, кој пак нема намера да се „ценка“.

Во својот текст „АС“ додава дека токму Алегри бил и претходно желба на шпанскиот тим, а неговото однесување било пресудно за Реал Мадрид. И покрај бројните понуди, тој успеал да ги одбие сите и трпеливо да ја чека своата шанса да седне на клупата на „кралевите“.

Вчера се појавија шпекулации дека може да замине во Интер, но италијанскиот тим иам други планови, Алегри веќе не е во игра.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk