logo
logo
logo

АС откри кога Мбапе ќе направи трансфер!

Vecer | 31.03.2023

АС откри кога Мбапе ќе направи трансфер!

Шпански Ас пишува дека сапуницата Килијан Мбапе е далеку од завршена и дека има датум кога тој конечно ќе стане играч на Реал Мадрид, а тоа е летото 2024 година. Шпанците тврдат дека Мбапе се уште е целосно решен да го оствари својот сон и да заигра за шпанскиот клуб.

„Мбапе гледа дека неговото време во ПСЖ минува и дека сонот за освојување на Лигата на шампионите остана само сон. Тој сакаше да го напушти Париз ова лето, но Французите не сакаат да го пуштат. Се чини дека ќе мора почекате до летото 2024 година. Мбапе е убеден дека ќе го напушти ПСЖ и тоа веќе им го соопштил на газдите на Реал“, пишува Ас.

Мбапе минатата пролет потпиша нов договор со ПСЖ, кој е до летото 2025 година. Постои и опција за продолжување на една година под услов ПСЖ да ја освои Лигата на шампионите, но оваа сезона францускиот шампион беше исфрлен од Баерн во осминафиналето. Извори блиски до Мбапе велат дека ништо не може да го натера да остане во Париз.

Новиот француски капитен на крајот од сезоната побарал средба со челниците на ПСЖ за да го анализира клупскиот проект и да им ја пренесе желбата да замине во Реал Мадрид. ПСЖ нема да му ја отвори излезната врата, сметаат Шпанците и додаваат дека Мбапе поради тоа ќе мора да одигра уште една сезона во Франција.

Во Мадрид сепак се уште се навредени од однесувањето на Мбапе. На 9 март 2022 година, Мбапе доби овации на „Сантијаго Бернабеу“ и се чинеше дека ќе потпише за Реал на крајот од минатата сезона, но тоа не се случи, што ги налути симпатизерите на Реал.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk