logo
logo
logo

Артета: Бевме оштетени!

Vecer | 07.11.2024

Артета: Бевме оштетени!

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета не беше среќен по поразот од Интер со 1-0. Тој смета дека неговиот тим бил оштетен од судиите на тој натпревар, кои досудиле пенал за противникот, но не досудиле ниту еден за неговиот тим.

„Горд сум на моите играчи и нивото на доминација што го покажаа. Бевме оштетени и мислам дека тоа е очигледно. Станува збор за двата пенали. Ако сакате да му доделите пенал на Интер, мора да доделите и друг. Ако едното беше пенал, двете беа пенал. Особено ако се досуди играта со рака на Мерино, тогаш другата стуација е 100% пенал. Мерино не можеше да направи ништо за да ја избегне топката. Можевме да постигнеме најмалку два гола. Одлуките ја направија разликата. По овој меч ни следи дуелот со Челзи, верувам дека ќе победиме“, рече Артета.

Тој ја коментираше и состојбата на Хаверц и Микел Мерино.

“Хаверц има голема рана и се надевам дека ќе биде добро до викендот. Мерино нема потрес на мозокот по сударот со Сомер. Тој едноставно не се чувствуваше добро вчера и решив да го сменам на полувремето бидејќи тој не беше 100%“, додаде Шпанецот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk