logo
logo
logo

Артета барал засилувања и оваа зима, но остана со прaзни раце

Vecer | 04.02.2025

Артета барал засилувања и оваа зима, но остана со прaзни раце

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета проговори за недостигот на трансфери кај Арсенал во зимскиот преоден рок. Тој вели дека искрено посакувал ново засилување, но…

„Имавме јасна намера, како и секогаш кога ќе се отвори пазарот, да ги истражиме можностите за засилување на нашиот тим со играчи кои можат да имаат влијание. Повредите на играчите си го земаа данокот и не го постигнавме тоа што го посакувавме. Во таа смисла сме разочарани, но разбираме дека сакаме да привлечеме само одредени играчи и треба да бидеме многу дисциплинирани во тој поглед. Тоа се играчи кои мислиме дека можат да не направат многу подобри. Финансиски, има многу работи што треба да ги направиме за да останеме на патот што не донесе до тука и да се обидеме да се подобриме“, вели Артета.

Visited 1 times, 1 visit(s) today

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk