logo
logo
logo

Арслановски го освои 8. место на Светскиот куп во куглање за младинци

Vecer | 17.05.2022

Арслановски го освои 8. место на Светскиот куп во куглање за младинци

Македонскиот младински кугларски репрезентативец, Архан Арслановски, го освои 8. место на Светскиот Куп за младинци кој се одржа во естонскиот град Елва. Арслановски направи одличен резултат во квалификациите освојувајќи го 7. место со резултат 578 (205) и се пласираше меѓу осумте најдобри во машка конкуренција.

Во финалето имаше за нијанса послаб резултат и на крајот финишираше како осми, но евидентно, покажа дека се наоѓа во самиот врв на светското куглање во младинска конкуренција. Втората наша преставничка, Стефанија Алексовска во квалификациите заврши на 12. место.

Македонија на овој Светски Куп настапи и во Тандем-микс каде го освоивме 12. место пред Италија и Естонија.

“Во конкуренција на најдобрите поединци од секоја од 14-те земји кои настапуваа на СК во Елва, македонските репрезентативци се обидоа да дадат максимум. Единствено Архан успеа да изигра чун подобро од својот рекорд, додека Стефанија беше под своите најдобри достигнувања. Можевме и подобро и повеќе, но тоа е анализа која ќе се прави дополнително. Лично сметам дека Архан даде максимум, иако во клучни моменти не го послужи спортска среќа, а физичката (не)спремност беше клучна во финалето стекнувајќи блага повреда која го дефокусираше за позначајна игра иако започна со одличен сет“, вели селекторот на младинската репрезентација, Игор Михајловски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk