Арсиќ замина, Давитков на клупата

Јовица Арсиќ повеќе не е тренер на Струмица 2005. Поради тоа што клубот не беше подготвен севкупната работа да ја подигне на повисоко професионално ниво тој реши да замине порано од договореното.

Во саботата на мечот со МЗТ Скопје 2000 тимот го водеше неговиот помошник Драго Јанков кој поради обврски на работното место одби да седне на жешката клупа. Во таква ситуација изборот падна на поранешниот селектор и тренер на Ф. Работнички Јорданчо Давитков. Тој беше во салата "Јане Сандански" и во придружба на членот на УО на Струмица 2005 Миле Пападопулос го следеше настапот на струмичани од трибините. По завршувањето на натпреварот Давитков веднаш замина, не остави простор да ја потврди, ниту демантира веста.
Од сигурни извори работата веќе е завршена, иако останаа да се расичстат неколку ситни детали, а во текот на денешниот ден во Струмица е најавена прес-конференција на која и официјално Давитков ќе биде промовиран како нов кормилар.

(С.Т.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари