logo
logo
logo

Арсенал, Виљареал, Јунајтед и Рома се полуфиналисти во Лига Европа (видео)

Vecer | 15.04.2021

Арсенал, Виљареал, Јунајтед и Рома се полуфиналисти во Лига Европа (видео)

Арсенал, Виљареал, Манчестер Јунајтед и Рома се патниците во полуфиналето на Лигата на Европа.

Резултати: Славија – Арсенал 0:4 (вкупно 1:5), Виљареал – Динамо 2:1 (вкупно 3:1), Манчестер Јунатед – Гранада 2:0 (вкупно 3:0), Рома-Ајакс 1:1 (вкупно 3:2).

По одличниот настап во Лондон и ремито 1:1 со Арсенал, фудбалерите на Славија Прага имаа шанса на свој терен да го турнат големиот противник и да се најдат во полуфиналето меѓутоа доживеаа тежок пораз. Уште по првото полувреме Арсенал имаше предност од 0:3 обезбедена со головите на Никола Пепе, Александре Лаказет и Букају Сака во период од 18-тата до 24-тата минута од мечот. Во вториот дел Лаказет уште еднаш погоди за конечни 0:4 за „топчиите“.

Манчестер Јунајтед ја потврди надмоќта во однос на Гранада со уште една победа, сега со 2:0 на домашен терен. Стрелец на првиот гол е Единсон Кавани во првото полувреме, а вториот е всушност автогол на Валехо во 91 минута.

 

А Виљареал и на свој терен го победи Динамо и му ги распрсна соништата за полуфинале. На „Максимир“ победи со 1:0, а вечерва на свој терен славеше со 2:1 со головите на Алкасер и Жерар Морено во првото полувреме. Во вториот дел Оршиќ го ублажи поразот. За Динамо до 62. минута играше Ристовски, а целиот меч го одигра Адеми.

Ајакс поведе во Рим со голот на Броби во 49. минута и тоа само три минути откако влезе во игра. Шест минути подоцна и Тадиќ погоди но голот беше поништен поради фаул. Во 72 минута Един Џеко даде гол и ја однесе Рома во полуфиналето. Да потсетиме „волчицата“ победи на првиот меч во Амстердам со 1:0.

Полуфиналните двојки се Манчестер Јунајтед – Рома и Виљареал-Арсенал.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk