logo
logo
logo

Арсенал нема да го здржи Себаљос, Шпанецот се враќа дома

Vecer | 01.05.2021

Арсенал нема да го здржи Себаљос, Шпанецот се враќа дома

Играчот за врска на екипата на Арсенал, Дани Себаљос, нема да остане во редовите на „топчиите“ и следната сезона.

Според познатиот италијански новинар Фабрицио Романо, 24-годишниот Шпанец ќе го напушти лондонскиот клуб на крајот од сезоната и ќе се врати во „Кралскиот клуб“. Себаљос ги брани боите на Арсенал од јули 2019 година. Оваа сезона тој одигра 23 натпревари за лондонскиот клуб во англиската Премиер лига и постигна 3 асистенции.

Инаку, младиот репрезентативец на Шпанија има активен договор со Реал (М) до 30 јуни 2023 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk