logo
logo
logo

Арсенал ги раздава „Децата на Венгер“

Vecer | 01.02.2021

Арсенал ги раздава „Децата на Венгер“

Младиот играч за врска на Арсенал, Џо Вилок, од денеска е нов фудбалер на Њукасл. Тој како зимско засилување пристигнува на „Ст. Џејмс Парк“ со договор за позајмица до крајот на сезоната. Лондонскиот клуб сакаше 21-годишниот играч за врска да ја добие потребната минутажа, која очигледно нема шанси да ја добие во овој состав на „топчиите“, па затоа реши да не го попречува во кариерата и го испрати во Њукасл.

Второто младо име на „топчиите“ кое во последниот ден од преодниот рок замина од „Емирати“ е Ејнсли Мејтланд-Најлс, кој беше желба и на Лестер и на Саутемптон, но заврши во ВБА затоа што лондончани не сакаа да го испратат во конкурентните тимови за врвот. 23-годишниот играч ќе се обиде да им помогне на ВБА да опстанат во елитата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk