logo
logo
logo

Арменд Алими: Силно верувам дека Шкендија на крајот ќе биде шампион!

Vecer | 09.03.2021

Арменд Алими: Силно верувам дека Шкендија на крајот ќе биде шампион!

Во пресрет на третата фаза или третиот круг од тековниот шампионат, Шкендија како лидер „влегува“ со 47 бодови или седум повеќе од вториот Шкупи. Секако дека шансите тетовци да ја освојат својата четврта титула во клупската историја се големи, но сепак ги чекаат уште 11 тешки натпревари.

Со тоа се сложува и Арменд Алими, еден од клучните играчи на Шкендија.

Силно верувам дека Шкендија на крајот ќе биде шампион, дека ние со нашите фанови ќе се израдуваме на новата титула. Сите факти покажуваат дека ние сме најдобриот тим во Лигата, бевме лидери по првите две фази, така нека биде и на крајот по третата фаза“ вели Алими за клупскиот сајт.

Живееме во време на Ковид-19, минатата сезона беше прекината, а во неа Алими беше најдобар стрелец на екипата. Како што вели самиот тој лично имал проблеми со коронавирусот.

Пандемијата го потресе целиот свет, и тоа се одрази и на нас фудбалерите. Посебно со оглед на големата пауза, потоа одржливоста на формата, новиот формат на натпревари кои ги игравме во Европа летото и слични работи. Не е лесно да се справуваш со целата оваа ситуација, и кога ќе видиме дека сме први, секако дека треба да бидеме задоволни. Што се однесува до Ковид-19 јас лично го почувствував тоа и затоа не можев да бидам дел од натпреварор со Сумгаит во квалификациите во Лигата на Европа. Подоцна морав да се справам и со тоа што го изгубив мојот татко, затоа ми требаше дополнителна сила во целата таа ситуација. Сега најважно е да бидеме оние вистинските во тие 11 кола во третиот круг и на крајот секако да се радуваме на четвртата титула во историјата на Шкендија“ заврши Алими.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk