logo
logo
logo

АО: Медведев го доби руското дерби, познати полуфиналните двојки во женска конкуренција

Vecer | 17.02.2021

АО: Медведев го доби руското дерби, познати полуфиналните двојки во женска конкуренција

Данил Медведев го доби големото руско дерби во 1/4 финалето на Австралија Опен.

Четвртиот тенисер на Светот после 126 минути игра, беше подобар од рускиот колега од Дејвис Купот, Андреј Рубљов со 7:5, 6:3 и 6:2.

Медведев ќе игра во полуфиналето од подобриот во дуелот Надал – Циципас.

Во женскиот дел, крај за Ешли Барти, додека Каролина Мухова и Брејди се пласираа во полуфиналето.

Мухова ја победи првата тенисерка Барти после три сета: 1:6, 6:3, 6:2. Таа во полуфиналето ќе игра со Американката Џенифер Брејди. Брејди ја победи Џесика Пегула со 2:1.

Во второто полуфинале во женскиот дел ќе играат Осака и Серена Вилијамс.

 

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk