logo
logo
logo

АО: Димитров во осминафинале по 39. минути, Вилијамс стигна до 90. победа

Vecer | 12.02.2021

АО: Димитров во осминафинале по 39. минути, Вилијамс стигна до 90. победа

Бугарскиот тенисер Григор Димитров се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен. На почетокот на вториот сет при 1:0, Пабло Буста го предаде мечот поради болест. Овој дуел се играше 39. минути, првиот сет, Димитров го доби со 6:1.

Александер Зверев, шестиот најдобар тенисер лесно се најде во следното коло, беше подобар од Адријан Манариа со 3-0 (6-3, 6-3 и 6-1).

Кај дамите немаше изненадување, Наоми Осака обезбеди место во осминафиналето, откако ја совлада Онс Жабер од Тунис со 2-0 (6-3, 6-2), во следната рунда ќе игра против Габрине Мугуруза.

И Серена Вилијамс се најде во следната рунда. Американката во првиот сет виде поголема мака со руската тенисерка Анастасија Потапова, беше подобра со 7-6, но затоа пак победата лесно ја потврди во вториот сет. Ова беше 90. победа за Вилијамс на Австралија Опен.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk