Стартува новата сезона во Евролигата

Антиќ: Ќе оставиме срце на терен - па што биде нека биде

За почеток потребно ни е малку време, имаме доста талентирани играчи, сега следи Евролига, па затоа ќе има доволно простор за напредок. Потребна ни е поддршката од навивачите на секој натпревар, а резултатите ќе дојдат сами по себе. Паролата е едноставна "срце на терен - па што биде нека биде#, изјави Антиќ

Новата сезона во најквалитетното кошаркарско клупско натпреварување, Евролига, стартува денеска, а дури 16 тимови ќе се борат за европската титула.

Повторно во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде нашиот најдобар кошаркар Перо Антиќ, кој годинава со екипата на Црвена звезда ќе се обиде да избори место на завршниот турнир, а од таму да дојде и до четвртиот шампионски прстен во Евролигата.

Мисијата е тешка, но мотив плус за "црвено-белиот# тим ќе биде тоа што завршниот турнир во Евролигата ќе се игра во Белград, па со помош на своите навивачи ќе се обидат да направат голем подвиг.

- Ова е млада екипа, потребно им е моето искуство. Тука сум да помогнам хемијата на клубот да дојде до израз. За почеток потребно ни е малку време, имаме многу талентирани играчи, сега следи Евролига, па затоа ќе има доволно простор за напредок. Потребна ни е поддршката од навивачите на секој натпревар, а резултатите ќе дојдат сами по себе. Паролата е едноставна "срце на терен - па што биде нека биде#, изјави Антиќ.

Звезда минатата сезона беше најпријатно изненадување на Евролигата, оствари дури 16 победи, но за малку и избега местото плејофот. Најуспешниот тренер во нивната клупска историја, Дејан Радоњиќ, е заменет од Душан Алимпијевиќ, кој има за цел да ги издигне клубот на едно повисоко ниво.

Тренерот на актуелниот шампион Фенербахче, легендарниот Жељко Обрадовиќ, пак, изјави дека на неговиот тим оваа сезона ќе му биде многу потешка, бидејќи во своите редови повеќе ги нема клучните кошаркари Богдан Богдановиќ и Екпе Удох, кои се преселија во НБА лигата.

- Имавме тешки подготовки пред стартот на сезоната. Оваа година предизвикот ќе биде многу поголем, пред се поради тоа што секој тим ќе има дополнителен мотив против нас. Им се заблагодарувам на Екпе и Богдановиќ за се што прикажаа минатата сезона и воедно им посакувам среќа во понатамошната кариера, изјави Обрадовиќ

Прво коло: Анадолу Ефес - Реал Мадрид, ЦСКА (М) - Армани, Бамберг - Макаби ТА, Олимпијакос - Басконија, Уникаха - Фенербахче, Химки - Валенсија, Жалгирис - Црвена звезда, Барселона - Пао.

Поврзани

Најнови вести

Коментари