logo
logo
logo

Анталија Куп: Надежите на Милевски денеска на мегдан со Словачка!

Vecer | 27.03.2021

Анталија Куп: Надежите на Милевски денеска на мегдан со Словачка!

Денеска од 15 часот, нашата У-21 репрезентација ќе го има вториот меч од Анталија Купот 2021, кој се одржува во истоимениот град во Турција. Ривал на избраниците на селекторот Благоја Милевски е селекцијата на Словачка, силна селекција која ќе се биде одличен тест за проверка на реалните можности на нашата млада репрезентација во овој момент.

Да потсетиме дека на првиот меч во Анталија, Македонија со 1:2 загуби од Казахстан.

Веќе во понеделник не чека последниот натпревар, и тоа против Бугарија. Секако дека овие три меча и тоа како ќе бидат добредојдени за селекторот Милевски да види што има на располагање во пресрет на стартот на квалификациите за ЕП.

Покрај мечот меѓу У-21 селекцијата на Македонија, денеска во Анталија пријаталски меч ќе одигра и У-17 селекцијата, ривал ќе ни биде Русија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk