logo
logo
logo

АНСА: Лотито ќе биде суспендиран 7 месеци, Лацио добива казна од 150.000 евра!

Vecer | 26.03.2021

АНСА: Лотито ќе биде суспендиран 7 месеци, Лацио добива казна од 150.000 евра!

Сопственикот на Лацио, Клаудио Лотито, според АНСА, ќе биде суспендиран на седум месеци, а Лацио казнет со 150.000 евра „за кршење на КОВИД-протоколот“.

Новинската агенција објави дека претседателот на „римските орли“ добил забрана за фудбалска дејност во период од седум месеци, додека лекарите на клубот Фабио Родија и Иво Пулчини се суспендирани на 12 месеци.

Извештајот открива дека Националниот федерален суд го осудил Лацио да плати казна од 150.000 евра, но клубот на тој начин ќе избегне какво било одземање бодови. Случајот беше отворен во октомври минатата година и АНСА пишува дека ФИГЦ наскоро ќе ги официјализира санкциите.

The post АНСА: Лотито ќе биде суспендиран 7 месеци, Лацио добива казна од 150.000 евра! appeared first on Sportmedia.mk.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk