logo
logo
logo

Анхел Кореа: Вратите на Атлетико се отворени за Меси

Vecer | 05.02.2021

Анхел Кореа: Вратите на Атлетико се отворени за Меси

Аргентинскиот напаѓач на “јорганџиите“ Анхел Кореа го покани својот сонародник Лео Меси на лето дојде на “Ванда Метрополитано“.

Имено познато е дека на Лео договорот со Барса му истекува во јуни, а веќе неколку месеци нанзад се споменуваат Манчестер Сити и ПСЖ како негови следни дестинации.

Кореа прво се осврна на тоа како можела Барса да го пушти Луис Суарез, а потоа упати покана до Меси да дојде во Атлетико.

Не разбирам како може Барселона да пушти еден таков играч како Суарез. Но тоа е добро за нас, ние сме многу среќни што Луис е со нас и што игра во неверојатна форма за Атлетико. Да кажам дека вратите на Атлетико се отворени за Лео Меси, тој одлично би се снашол покрај Диего Симеоне, ако се знае дека кога тогаш нашиот тренер ќе биде селектор на Аргентина“ изјави Кореа.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk