Англија со шамар за Шпанија, Џеко „царуваше“ на „Грбавица“ (видео)

epa07095818 England's players celebrate the 0-3 lead during the UEFA Nations League soccer match between Spain and England at Benito Villamarin stadium in Seville, southern Spain, 15 October 2018. EPA-EFE/JULIO MUNOZ

Англија стигна до импресивна 3:2 победа на гостувањето во Севилја кај фаворизираните Шпанци и во исто време им ја искомпликува ситуацијата на светските вице-шампиони Хрватска, оставајќи ги убедливо на дното во групата 4 во Лига А.

Рахим Стерлинг погоди двапати, а Маркус Рашфорд додаде уште еден гол во неверојатното прво полувреме во кое селекцијата на Герет Саутгејт ја шокираше „Фуријата“ и нивниот селектор Луис Енрике.

Во второто полувреме, Шпанија се обиде да ја врати рамнотежата и во 58. минута намалија на 3:1 со уште еден гол на Пако Алкасер, кој игра како препороден откако замина за Борусија Дортмунд. Во 98. минута од мечот, Серхио Рамос само го намали водството на Англичаните, но вкусот на голема победа остана.

Сега, Шпанците остануваат први со шест поени, но Англичаните се тука зад нив со 4, додека Хрватите имаат само еден, со тоа што гостуваат кај „албионот“.

Босна и Херцеговина е на чекор до обезбедувањето на првото место откако гол-машината Един Џеко на својата „Грбавица“ постигна два гола за победа над Северна Ирска. БиХ сега има 9 поени на првото место, пред Австрија со 3, додека Северна Ирска е без поени.

Во пониските лиги, Финска со 2:0 ја совлада Грција за да се зацврсти на првото место во групата 2 во Лига Ц, а во другиот меч Естонија и Унгарија одиграа возбудлив меч кој заврши 3:3.

Луксембург пак, се најде во позиција да биде на првото место во својата група 2 во Лига Д, откако со 3:0 го победи Сан Марино, а Белорусија одигра само 0:0 со Молдавија.

ЛИГА НА НАЦИИ

ЛИГА А, ГРУПА 2

Исланд – Швајцарија 1:2

Табела: 1.Швајцарија 6, 2.Белгија 6, 3.Исланд 0

ЛИГА А, ГРУПА 4

Шпанија – Англија 2:3

Табела: 1.Шпанија 6, 2.Англија 4, 3.Хрватска 1

ЛИГА Б, ГРУПА 3

Босна и Херцеговина – Северна Ирска 2:0

Табела: 1.БиХ 9, 2.Австрија 3. 3.Северна Ирска 0

ЛИГА Ц, ГРУПА 2

Естонија – Унгарија 3:3

Финска – Грција 2:0

Табела: 1.Финска 12, 2.Грција 6, 3. Унгарија 4, 4.Естонија 1

ЛИГА Д, ГРУПА 2

Белорусија – Молдавија 0:0

Луксембург – Сан Марино 3:0

Табела: 1.Луксембург 9, 2.Белорусија 8, 3.Молдавија 5, 4.Сан Марино 0

ШПАНИЈА – АНГЛИЈА

БИХ – С.ИРСКА

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари