logo
logo
logo

Англија не се сеќава на таков резил половина век

Vecer | 01.03.2021

Англија не се сеќава на таков резил половина век

Поразот на Шефилд Јунајтед со 0:2 од Ливерпул во меч од 26. коло на Премиер лигата се покажа историски за англискиот фудбал. За „сабјите“ тоа беше 21. пораз по 26 одиграни кола во Премиер лигата. Тоа е срамен неславен рекорд кој се случува за првпат по 50 години.

Последниот клуб кој загубил 21 меч од првите 26 двобои во англиски шампионат бил Њупорт и тоа во сезоната 1970/71 во тогашната четврта дивизија.

Шефилд е закован на последното место во Премиер лигата и со микронски шанси за опстанок. Ниту една екипа во историјата која била оддалечена 15 бода од сигурната зона и 12 меча до крајот не успеала да се спаси.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk