logo
logo
logo

Ангеловски: Се носевме со сите во изминатиот период, па зошто да не биде така и утре

Vecer | 24.03.2021

Ангеловски: Се носевме со сите во изминатиот период, па зошто да не биде така и утре

Игор Ангеловски, селекторот на Македонија на прес-конференцијата во Букурешт истакна респект кон Романија, но и атак на победа на Македонија на мечот.

Најпрво упати поздрав до селекторот на Романија, со надеж дека ќе биде на клупата утре.

„Поздрав до колегата Радои, се надевам на негативен негов тест и утре да биде со мене на терен.“, истакна Ангеловски.

На прашање околу составот и проблемите, Ангеловски кажа:

„Македонија има често проблем со повреди и недостатоци, но најважно е што оние кои се тука ќе бидат подготвени за настап“, рече Ангеловски, притоа ништо не спомена за Аријан Адеми кој отпатува во Романија, но тешко дека ќе игра со оглед дека има ситна повреда.

Околу настапот на стадинот во Букурешт, на кој Македонија ќе игра два меча од групата во ЕП, Ангеловски кажа дека има многу емоции во репрезентацијата.

„Морам да кажам дека има емоции кај нас затоа што тука ќе игра на ЕП. Доаѓаме во една пријателска земја каде што има многу луѓе кои потекнуваат од Македонија. Се надевам дека романскиот народ ќе бидат наши навивачи на тие мечеви во ЕП“, изјави Ангеловски кој за противникот изјави:

„Респект за Романија, станува збор за селекција која има млади играчи и покрај тоа што нивната млада селекција игра на ЕП, во моментов тие се на располагање за овој меч. Игравме и ние со Израел и со Словенија се носевме со сите, па зошто да не биде така и утре“.

Ангеловски на прашање околу тоа кој романски фудбалер би го земал во националниот тим на Македонија, одговори „Ѓорѓе Хаџи“.

ФОТО: Игор Паневски

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk