logo
logo
logo

Ангеловски: Никогаш не би му го одземал правото на некој да биде дел од националниот тим!

Vecer | 15.03.2021

Ангеловски: Никогаш не би му го одземал правото на некој да биде дел од националниот тим!

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски по објавувањето на списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Романија (25. март, Букурешт), Лихтенштајн (28. март, Скопје) и Германија (31. март, Дуизбург) од квалификациите за Светското првенство 2022 , потенција дека повиканите фудбалери се подолг период заедно и заслужуваат место во Националниот тим.

„Списокот е составен од играчи кои беа дел од репрезентацијата веќе подолг период. Може да се забележи дека 99% од повиканите играчи се оние истите кои претходно го понесоа товарот, играа во Лигата на нации и квалификациите за ЕП и успеаја да ѝ го донесат историскиот успех на Македонија со пласманот на Европското првенство за прв пат во својата историја во сениорска конкуренција, нешто на кое чекавме од нашата независност.

Како човек и како селектор, никогаш не би му го одземал правото на некој да биде дел од националниот тим, а  тоа да го заслужува и со односот кон репрезентативниот дрес и со постигнатите резултати преку повеќегодишна макотрпна работа“, изјави Ангеловски.

Подготовките за почетокот на квалификациите за Светското првенство, нашата репрезентација ги започнува на 22. март во Скопје.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk