logo
logo
logo

Ангеловски: Нема еуфорија, само концентрација на она што следува

Vecer | 04.06.2021

Ангеловски: Нема еуфорија, само концентрација на она што следува

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски нормално без еуфорија поради одличниот и пред се убедлив настап на нашата репрезентација против Казахстан, рече дека сега е време за концентрација на она што следува, а радувањето му го остава на Македонскиот народ затоа што заслужил да се радува на секој триумф на нашиот состав.

„Целта и беше на овие два меча да испробаме тактички варијанти но и индивидуално да одиграме минутажа која ни е потреба. Не треба да не фаќа еуфирија, нормално, тоа му го оставаме на Македонскиот народ, а ние се концентрираме на она што следува.  Она што јавноста го најавила, дека Македонија денеска ќе игра со вториот состав можам да го искоментирам идентично како што секогаш го правам тоа. Оние кои ќе излезат на терен се првите единаесет на Македонија“ – изјави селекторот Ангеловски, па додаде.

Ристовски, Чурлинов, Костадинов се иднината на оваа репрезентација

„Би им честитал за настапот и на Ристовски и на Чурлинов и на Костадинов за играта. Им честитам на головите. Чурлинов ако добро се сеќавам е најмладиот дебитант во репрезентацијата. Милан Ристовски своевремено јас како тренер го уфрлив во игра за Работнички против Рубин Казан. Нивните квалитети ми се добро познати, а јас уште при соопштувањето на списокот реков мора да се мисли и на иднината на оваа репрезентација“ – рече Ангеловски.

Ќе го чекаме Барди до последно

„Секое прашање за ситуацијата со Енис Барди е многу тешко. Има ли селектор кој не би се одлучил за него доколку се е во ред со него. Позитивен е да, но тој нема симптоми, тренира индивидуално, и се надеваме на поволен развој на настаните. Оние кои настапија одиграа одлично, Велковски, Адеми, воопшто не настапија, што значи дека имаме се поголем број на квалитетни фудбалери на кои може да сметаме во секој момент“ – потенцираше Ангеловски на прашање околу ситуацијата и статусот на Енис Барди во моментов.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk