logo
logo
logo

Ангеловски: На Европското првенство ќе немаме право ниту на најмала грешка

Vecer | 01.06.2021

Ангеловски: На Европското првенство ќе немаме право ниту на најмала грешка

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски е задоволен од прикажаното на пријателскиот натпревар со Словенија, но очекува до почетокот на Европското првенство да се поправат некои грешки кои беа направени вечерва во Скопје.

– Благодарност до навивачите за поддршката. Жалам што не успеавме со победа да прославиме. Во второто полувреме противникот до самиот крај не се ни доближи до нашиот гол. Ние требаше да дадеме уште еден гол и да го решиме победникот. Се обидов да им дадам можност на повеќе фудбалери. На крајот кога се ќе се собере, целта што беше за овој натпревар ја постигнавме. Очекувам до натпреварот со Австрија да ги искоригираме сите пропусти затоа што на Европското првенство ќе немаме право ниту на најмала грешка – изјави Ангеловски на прес-конференцијата по дуелот со Словенија.

Следниот натпревар, исто така контролен, македонските фудбалери ќе го имаат в петок (4 јуни) со Казахстан, исто така на „Тодор Проески“ во Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk