logo
logo
logo

Анчелоти за Супер лигата: Мислев дека е шега!

Vecer | 23.04.2021

Анчелоти за Супер лигата: Мислев дека е шега!

Тренерот на англискиот прволигаш Евертон, искусниот Карло Анчелоти, оцени дека идејата за формирање европска фудбалска Супер лига е утопија, истакнувајќи дека проектот се темели на вредностите на американското општество, кои се различни од европските.

– Мојата прва реакција кога слушнав за идејата беше дека тие мора да се шегуваат, бидејќи таков проект едноставно не може да заживее во Европа, изјави Анчелоти.

– Спортската култура во Европа е различна од американските спортови и тука не станува збор за тоа дека ние сме во право, а тие грешат, туку во прашање е самата култура на луѓето. Во САД спортот е поинаков и претставува забава, додека ние во Европа живееме со повеќе страст. Уште додека растеме како деца сакаме да победуваме. Растеме на поинаков начин, додаде италијанскиот стратег на клупата на Евертон.

Анчелоти, кој во минатото беше предводник на четири од 12. основачи на Супер лигата – Милан, Реал Мадрид, Челзи и Јувентус, рече дека иницијаторите на проектот направиле голема грешка.

– Фудбалот пред сè е спорт. Потоа доаѓаат инвестициите и бизнисот. Секако, треба да ги имаме предвид и двете страни. Но, за секој приврзаник на фудбалот, тоа беше чуден ден. Слушавме за Супер лига во последните неколку месеци, но бев сигурен дека тоа нема да се случи. Тие 12. клубови направија грешка, бидејќи не ги зедоа предвид мислењата на играчите, тренерите или навивачите, додаде Анчелоти.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk