НЕКОЛКУ КЛУБА ОСТАНАА СО ПРАЗНИ РАЦЕ

Анчелоти ја откри следната дестинација

Баварскиот клуб ја прекина соработката со Анчелоти поради лошите резултати во Бундес лигата и поради убедливиот пораз од ПСЖ (3:0) во второто коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Трофејниот италијански стручњак, Карло Анчелоти, најпосле и се обрати на јавноста по отказот кој го доби од раководните лица на германскиот гигант Баерн (М).

Баварскиот клуб ја прекина соработката со Анчелоти поради лошите резултати во Бундес лигата и поради убедливиот пораз од ПСЖ (3:0) во второто коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Само неколку часа подоцна стартуваа шпекулациите околу тоа која ќе биде следната дестинација на италијанскиот стручњак. Фудбалските медиуми шпекулираа дека тоа ќе биде Арсенал, Вест Хем, Милан, Кина, но Анчелоти, неколку дена подоцна стави крај на сите дилеми.

Мојот следен чекор? Во следните десет месеци нема ништо да работам. Ќе се одморам, изјави поранешниот предводник на Парма, Јувентус, Милан, ПСЖ, Челзи и Реал (М).

Италијанецот сепак не сакаше да го коментира прекинот на соработката со Баерн (М).

Поврзани

Најнови вести

Коментари