logo
logo
logo

Анчелоти емотивен пред „Ел Класико“: Клубот ќе одлучи колку ќе уживам!

Vecer | 19.03.2023

Анчелоти емотивен пред „Ел Класико“: Клубот ќе одлучи колку ќе уживам!

Вечерва на распоредот е новото „Ел Класико“, а тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти даде емотивна изјава пред дуелот на „Камп Ноу“.

Овој мел може да го даде текот на сезоната во Ла Лига, двата тима се борат за титулата. Барселона е прва со 65 бода, додека Реал заостанува дури девет. Со триумф на каталонскиот гигант неверојатно се ќе биде решено, додека пак доколку „кралевите“ си заминат со цел плен, ќе имаат за што да се надеваат до крајот на сезоната.

Uoči utakmice u kojoj Barcelona ima ulogu blagog favorita poprilično emotivnu izjavu dao je trener Reala, Carlo Ancelotti.

Анчелоти е свесен дека резултатот од оваа средба може да промени многу работи. Искусниот стратег потенцираше дека сака да остане во Реал.

„Клубот мора да одлучи. Навистина ќе бидам среќен ако останам во Реал до крајот на животот, но тоа е невозможно. Ако сакаат да останам уште три месеци, ќе останам. Ако сакаат да останам три години, ќе уживам во тие три години“, изјави Анчелоти пред мечот.

Добро е познато дека неговиот договор со Реал истекува на крајот на сезоната, останува да видиме дали навистина ќе има промени.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk