logo
logo
logo

АМС нема да го признае утрешното Изборно Собрание на ФФМ!

Vecer | 13.03.2021

АМС нема да го признае утрешното Изборно Собрание на ФФМ!

И одново по којзнае кој пат. Во пресрет на утрешното Изборно Собрание на ФФМ, Агенцијата за млади и спорт денеска излезе со реакција.

Во соопштението на АМС, вели дека тие нема да ги признаат резултатите од работата на ова Собрание.

Со тоа АМС ја продолжува војната со ФФМ, но исто така оди директно и против ФИФА и УЕФА. Се знае добро за нивниот допис од пред извесно време во врска со оваа проблематика. Секако, во случај работите да се искомплицираат до таа мерка, тогаш настапот на нашата најдобра фубалска репрезентација на ЕУРО ќе биде само сон.

На кого само тоа му одговара?

Во продолжение следува целата реакција на АМС:

Ја известуваме јавноста дека Агенцијата за млади и спорт нема да ги признае резултатите од Изборното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) коешто ќе се одржи утре и нема да учествува со свој претставник.

АМС како единствено владино тело коешто е надлежно за работите од областа на спортот и вршење надзор над спроведувањето на одредбите од Законот за спорт, веќе подолго време бара усогласување со Законот за спорт, а ФФМ и покрај бројните укажувања, продолжува да функционира спротивно на законот и позитивното право во државата.

ФФМ подолг период ги игнорира и одлуките на надлежните институции и продолжува со непочитувањето на Законот за спорт и покрај инистирањето на АМС.

Иако се покренатите институционални и судски постапки, ФФМ продолжува да функционира и да делува спротивно на Законот за спорт и позитивното право во државата.

Имајќи предвид дека мандатите на делегатите, комисијата за избори, претседателот и членовите на УО на ФФМ, истекуваат на 17.02.2021 година, АМС известува дека нема да биде признаен незаконски избор на делегати од ОФС, како и избор на тела во ФФМ.

Законот за спорт важи за сите подеднакво и сите учесници се должни да го почитуваат.

Имаме поддршка од поголемиот број на клубовите од прва и втора лига за доследно почитување и примена на Законот за спорт.

Напредокот на спортот е возможен само со заеднички напори и почитување на законските регулативи“ се вели во реакцијата на АМС.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk