АМС ќе му додели еднократна парична награда од 100 илјади денари и стипендија на младиот Пејчиновски

По повод херојскиот подвиг на младиот Марко Пејчиновски кој успеа да го преплива Охридското езеро, Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски поднесе иницијатива која беше усвоена при советот на Агенцијата за млади и спорт, за еднократна парична награда од 100 илјади денари за македонската пливачка надеж, а воедно, АМС ќе му додели и стипендија за млади таленти „Спортска Надеж“, соопштија денеска од Агенција за млади и спорт.

Исто така, додаваат во соопштението дека АМС се обврзала да обезбеди стручни лица кои ќе подготват годишна програма за усовршување на Пејчиноски со цел да продолжи да се усовршува и да стане врвен пливач кој гордо ќе ја претставува Македонија.

Од АМС и денеска уште еднаш му упатија честитки на младиот Пејчиноски и му посакаа блескава кариера.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари