logo
logo
logo

Алушовски: Во Сегед без притисок, но и без бело знаме

Vecer | 17.02.2021

Алушовски: Во Сегед без притисок, но и без бело знаме

Тренерот на РК Вардар, Стевче Алушовски пред утрешното гостување во Сегед во меч од Лигата на шампионите, ги истакна своите очекувања. Тој истакна дека на ова гостување тимот оди без некој голем притисок, но исто така и без бело знаме.

„Не очекува нов натпревар со ПИК Сегед. Денеска го одржавме првиот тренинг после тој меч кој го загубивме дома. Анализиравме каде грешевме и во одбрана и во напад. Имаме мали проблеми, Борко Ристовски има повреда на колено, нема да настапи 90% во Сегед. Без секого се може и се мора. Ќе одиме во Сегед без некој голем притисок, но не со бело знаме. Празните трибини не им даваат некоја изразито фаворитска улога на домаќините. Се фаворити, но и ние не сме без шанси и ќе направиме  се да се вратиме со позитивен резултат“, истакна Алушовски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk